Поставени темелите на новата фабрика на Гересхајмер

Министерот Хисен Џемаили на ден 23.10.2019 година, учествуваше на свеченето отворање на на новата фабрика за медицинска пластика на престижната германска компанија Гересхајмер во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик. Компанијата е специјализирана за високо-технолошки фармацевтски пакувања и лекови, со покриеност во 15 земји со над 10.000 вработени.

 

Според плановите на компанијата, одделот во Скопје ќе вработи повеќе од 400 вработени.

 

Според Министерот Хисен Џемаили, интересот е се поголем за инвестирање во Република Северна Македонија.

 

Подобрување на правната рамка, функционирање на институциите, квалификација на човечки ресурси и создавање поповолна деловна клима се цели на кои што е потребно континуирано и систематски да се работи.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *