Свечено отворање на новата фабрика на „Баумер“

На ден 31.10.2019 годинаМинистерот Хисен Џемаили присуствуваше на свеченето отворање на новата фабрика на престижната швајцарска компанија Баумер“ во Трговско индустриската зона 1 во Бунарџик, Скопје.

„Баумер“ е светска компанија присутна во 39 земји низ светот и е специјализирана за производство на високо-технолошки сензори, полупроводници и друга електрична опрема.

Првата фаза на инвестицијата изнесува 4.7 милиони евра и се очекува да се реализираат 150 нови работни места. Покрај производниот капацитет, швајцарската компанија ќе инвестира и во воведување на Центар за развој на истражување преку кој ќе се обучува нов инжинерски кадар.

Министерот Џемаили изјави дека забележително се зголемува интересот за инвестиции во нашата земја. Планот за економски раст ги дава своите резултати не само во смисла на привлекување на странски инвестиции, туку и во квалитетот на самите инвестиции со кои се создаваат нови вработувања на стручен кадар од целата земја.

Оттука, сите чинители треба заеднички и сериозно да работат на подобрување на правната рамка, функционирање на институциите, јакнење на капацитетите на човечките ресурси и создавање на пријателска клима кон деловните активности.

Посебен придонес за реализација на инвестицијата на компанијата Баумер во нашата земјанесомнено даде економскиот промотор г-дин Арлинд Зеќири, во периодот од 2013-2016 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *