Министерот Шапуриќ ја посети Општина Струмица

 

Министерот во Владата на Република Македонија, проф.д-р Зоран Шапуриќ, ја посети општина Струмица. Таму тој оствари средба со в.д. градоначалникот Костадин Костадинов, на која беше разговарано за можна соработка на разни проекти, кои би биле насочени кон натамошен развој на економијата во општина Струмица, а во функција на подобрување на инвестициската клима за струмичките компании.

По средбата со в.д. градоначалникот Костадинов, Министерот Шапуриќ посети неколку струмички производни компании, каде се запозна со нивното работење, а и со проблемите со кои се соочуваат при извршување на дејноста. Исто така, менаџерскиот тим на компаните беше запознат со мерките кои ги презема Владата предводена од премиерот Зоран Заев, за стимулирање на инвестициите од страна на домашните компании, посебно за извозно ориентираните компании и со определбата парите од буџетот да се враќаат во стопанството, што веќе се чуствува со многу побрз поврат на ДДВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *