Министерот Зоран Шапуриќ во посета на индустриската зона во Тетово

Министерот во владата на РМ,  Проф. Д-р Зоран Шапуриќ, во изминатата недела ја посети индустриската зона во Тетово.

POFIX, FRIGOTEHNIKA 2000, FRIGOTEHNIKA BEI, FRIGOTEHNIKA PLUS и UNIFRIGO се дел од компаниите каде министерот Шапуриќ разговараше со менаџментот и ги запозна со мерките кои Владата ќе ги спроведува во иднина со цел подобрување и изедначување на условите за странските и домашните инвеститори.

Истовремено, компаниите го запознаа министерот со начинот на производство и работа и ги споделија нивните досегашни и искуства и планови за идни инвестиции.

Раководствата на компаниите ги наведоа и проблемите со кои се соочуваат при нивното секојдневно работење, за кои министерот се заложи за побрзо решавање на истите и понатамошно непречено вршење на дејноста.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *