Министер Зоран Шапуриќ- прес конференција 100 дена Влада

Министерот во владата на РМ,  Зоран Шапуриќ на прес конференција во владата го најави проектот “Отворено со бизнисот“ кој ќе служи термин за прием на бизнисмените со цел подобрување на бизнис климата во земјата.

После средбите со бизнис заедницата, министерот Шапуриќ се осврна и на поплаките, односно барањата на истите, меѓу кои е и досегашниот бавен поврат на ДДВ, кој веќе е забрзан. Бавното реагирање на институциите за искористување на ИПА фондовите, за кои веќе се предвидени низа мерки за забрзување и подобро искористување; поголема поддршка од МБПР, преку која би се стимулирал главно извозот. Нелојалната конкуренција беше исто наведена како проблем, најчесто кај дел фирми кои не плаќале ДДВ, како и со нереалниот приказ на извозот. Исто така висината на казните, кој како комплексен процес повлекува измена на 150 закони, анализа на закон по закон

Дел од заштитните друштва, рече Шапуриќ, се жалат на повратот на средства за вработување на лица со посебни потреби. Исплатата за овие мали компании доцни повеќе од 4 месеци, за што веќе е информирано Министерството за труд и социјала, а ќе биде и владата.

Одговарајќи на новинарско прашање, Шапуриќ истакна дека се работи и на укинување на забрана за продажба на алкохол, во консултација со сите заинтересирани страни, согласно искуствата од европските земји.

На крај, министерот додаде дека еден од приоритетите на новата влада е и рамномерниот регионален развој, пред се поради неодржливоста приливот на население во Скопје и околината.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *