Реформа на закони од областа на планирањето, развојот и контролата на изградбата на просторот.

Учество на министерот Проф. Д-р Зоран Шапуриќ, на работилница за реформа на групата на закони кои го уредуваат планирањето, развојот и контролата на изградбата на просторот.

Во изјавата за медиуми, министерот задолжен за регулатива и унапредување на бизнис климата за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ, потенцираше дека Законот за градење од 2009 година досега 25 пати претрпел промени според, потенцира, дневно-политички и кои било други потреби. Преку Законот ќе се направи конзистентен систем, како и подзаконски акти кои ќе значат подобрување на условите за инвестиции со оглед на огромното учество на градежништвото во БДП.

Се работи за мултисекторски пристап со вклучување на многу државни институции, компании, локалната самоуправа, коморите… Целта е да се донесат квалитетни законски решенија кои ќе бидат стабилни и кои на транспарентен начин ќе влијаат да се подобри бизнис климата и да се спречи урбаниот хаос

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *