Министерот Зоран Шапуриќ гостин на ТВ Плус Куманово

Министерот и потпреседател на ЛДП, Проф. д-р Зоран Шапуриќ, гостуваше во телевизијата “Плус ТВ Куманово“.

Во својот настап помеѓу другото, Шапуриќ ги изнесе главните елементи од изедначувањето на добивање на поволностите за домашните инвеститори, како на оние што ги имаат странските инвеститори.

Министерот Шапуруќ се осврна и на проблемите со кои се соочува бизнис секторот во македонската економија и презентираше дел од решенијата кои новата влада има намера да ги примени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *