Објавени документи на веб страната на министерот Зоран Шапуриќ

Согласно заклучокот на 34-тата седница на Влада на Република Македонија и нејзиното залагање за транспарентност и отчетност, на официјалната интернет страна на министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании Зоран Шапуриќ објавени се документи и информации во врска со работата и активностите на министерот и неговиот кабинет.

На интернет страната на министерот Шапуриќ, се достапни Стратешките планови; Буџетите; Ревиорските извештаи; Јавни набавки; Правилник за внатрешна организација на Влада и Генерален секретаријат под кои и спаѓа неговиот кабинет; Правилник за систематизација на работни места; Листа на информации од јавен карактер; Правилник за заштитено внатрешно пријавување и овластено лице за прием на пријави по него; Овластени лица за заштита на лични податоци; Закони и подзаконски акти и Листа на вработени со официјални телефони и е-маил адреси.

Наведените документи можете да ги најдете на официјалната интернет страна http://www.mdi.gov.mk/ , и тоа во категоријата ,,Информации,, на следниов линк http://www.mdi.gov.mk/?page_id=624 , во категорија ,,Регулатива,, на следниов линк http://www.mdi.gov.mk/?page_id=387 и во категорија ,,За министерот,, / ,,Членови на кабинет,, на следниов линк http://www.mdi.gov.mk/?page_id=563.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *