Обраќање на министерот Шапуриќ на Конференцијата ,,Правичен пристап до води и санитација,,

 

Министерот Зоран Шапуриќ учествуваше на Конференцијата ,,Правичен пристап  до води и санитација – Национални политики и Локални акциски планови,,. Во своето излагање на конференцијата тој помеѓу другото,  нагласи дека право на пристап до безбедна и квалитена вода за пиење е едно од основните  човекови права  и дека без остварување на ова право не може да стане збор за квалитетен живот на нашите граѓани.  Во Македонија, над 90% го остваруваат ова право, но сеуште има граѓани кои согласно европските стандарди немаат ваков пристап до вода за пиење, а само 18% од населението  се опфатени со систем на одвод на вода.  Овие неповолни состојби не можат да се променат оддеднаш. Министерот нагласи дека во наредниот период Владата и сите државни органи, како и единиците на локалната самоуправа  максимално ќе бидат посветени на  подобрување на овие состојби. Проектот кој ги презентира детално состојбите со води, дава солидна основа за преземање на  натамошни мерки и активности.  Надоградување на интегрален систем на управување со води  бара мултисекторски пристап и посветеност на сите засегнати страни, но и одговорност на сите нас кон рационалното користење на водните ресурси.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *