Министерот Шапуриќ за Канал 5: Ќе ги поддржиме домашните и странските компании

 

До крајот на годинава, домашните компании може да очекуваат ист третман и поддршка од владата како и странските инвеститори, најавува министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

Министерот, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ во интервјуто за Канал 5 исто така вели дека големиот број на административци нема да се намалува со отпуштања, туку со воведување на двосменско работење. Како друга мерка е преземањето на дел од административните службеници во приватните компании, кои за ова ќе добиваат субвенции.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *