Работна посета на министерот Шапуриќ во Велес

Минстерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашните претпријатија  Зоран Шапуриќ вчера беше во посета на Општина Велес. Во рамките на посетатата министерот ги посети и компаниите Ветекс, Мирана и Динамо Хит. Во разговорите со менаџментот на компаниите од една страна беше информиран за работењето на овие компании и нивните планови за понатамошни инвестиции во зголемување на производствениот капацитет, а од друга страна пак со проблемите со кои се соочуваат во текот на своето работење. На ова министерот им одговори дека ќе бидат контактирани надлежните институции со цел наоѓање решение за надминување на сите пречки и проблеми за нивно непречено работење. Притоа, тој ги запозна со мерките на Владата за зголемување на конкурентноста и инвестициите, внесени во правна рамка во Законот за финансиска поддршка на инвестициите на што менаџментите на компаниите изразија задоволство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *