За министерот

Хисен Џемаили е роден 1976 година во тетовското село Вица. Основно образование завршил во село Вица, а средно во Тетово. Дипломирал на Факултетот за општествени науки,насока историја- географија на Универзитетот „Луиг Гуракуќи“ во Скадар, Албанија во 1999 година.

Тој е еден од основачите на Демократската унија за интеграција, со забележителна улога како лидер на млади, но и како член на Генералниот совет и подоцна како член на Централното партиско претседателство.

Во 2002 година беше вработен во Министерството за животна средина и просторно планирање на позицијата директор на Службата за просторни и информативни услуги, со ангажман во делот на дизајнирањетопографски карти и разни картографски услуги.

Во 2006 година ја продолжи својата работа во Општина Тетово како општински инспектор за животна средина и потоа како раководител на Секторот за инспекциски надзор во општината. Во овој период успешно ја извршуваше позцијата Координатор на проектот за Локален акциски план за животна средина за Општина Тетово.

Периодот од 2008-2011 година беше избран за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија со активно учество во повеќе парламентарни комисии, и тоа Комисијата за транспорт и врски, Парламентарниот буџетски совет, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член на Националниот совет за заштита на природата, член на на Работната група за објавување на Националниот парк на Шар Планина, член на Буџетскиот совет на македонскиот парламент, заменик член на Надзорниот комитет за работа на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање во македонскиот парламент, потпретседатели на Комитетот на парламентот,подпредседател на комисијата за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство во Собранието на Република Северна Македонија, член на делегацијата на македонскиот парламент во парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Во 2013 година, беше избран за Претседател на Советот на Општина Тетово, функција која ја извршува во мандатниот период до 2017 година
Од септември 2019 година, именуван е за Министер без ресор задолжен за регулатгива за подобрување на инвестициската клима задомашните претпријатија во Владата на Република СевернаМакедонија.